Како што соопшти македонската полицијата денес во струмичката полиција бил извршен службен разговор со 64 годишник од селото Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14.00 часот, во атар на селото Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“, тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа, велат од МВР.

Од МВР полицијата најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.