Прилепската полиција вчера лишила од слобода 56-годишен жител на овој град.

Како што информираат од МВР, во 20.45 часот во ОВР-Прилеп неговата 47-годишна сопруга пријавила дека тој ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.