На 23.01.2023 во 13.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Киро Глигоров“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Н.(50) од Скопје, удрило во велосипед управуван од Л.К.(42) од Скопје. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Л.К. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.