Осумнаесетгодишник од Гостивар силувал негова малолетна роднина, која имала само 12 години.

Според информациите на Осовното јавно обвинителство – Гостивар, осомничениот, вчера, околу 14.30 часот, извршил обљуба со крвен сродник во права линија, дете на возраст од 12 години.

Осомничениот го пресретнал девојчето на пат и го насочил да се движи кон блиската продавница. По патот, во близина на стадион, тој почнал да го влече девојчето за рака и насилно го внел во тоалетите на објектот, каде што презел дејства со кои го извршил кривичното дело родосквернавење.

Основниот суд Гостивар на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.