На улицата новопроектирана, која води од Теодосиј кон Прашка патот е речиси блокиран од несобраниот смет, кој почнува да пушта и одвратна миризба.

Граѓаните на Тафталиџе 1 се жалат дека ретко им се собира сметот, иако тука живеат многу граѓани.

“Новопроектирана”, инаку е и единствена улица каде има велосипедска патека која го фаќа целиот пат, е не се поврзува ниту со една друга велосипедска патека, бидејќи таква нема ниту на Теодосиј Гологанов, ниту на Прашка, туку само прави проблеми во сообраќајот и движењето на граѓаните, а и контињерите за отпад фаќаат една лента од ионака малиот простор останат за движење на возила, па така тука се создава метеж.