На 01.09.2021 во 09.30 часот на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги го лишиле од слобода А.М.(35) од Скопје, кој се барал со потерница за истрага за сторено кривично дело по член 247 – „измама“ од Кривичниот законик.

Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.