Цената на нафтата од утрото поскапе за 6 отсто. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е раст од 6 отсто во однос на вчерашниот ден. Од утрово барелот нафта на американскиот пазар се тргува по цена од 106 долари.

Во претходната недела цените на нафтените деривати паѓаа и достигнаа нивоа под 100 долари.

Се очекува ова да влијае и на малопродажната цена на нафтените деривати во Македонија.