Утрово околу 9 часот, како што дознава Центар.мк полицајци и пожарникари спасија постар маж кој се фрлил од скалите под Камен мост во реката Вардар.

Според очевидци на настанот, за кратко време откако мажот се фрлил во реката пристигнале полицајци и пожарникари и го извадиле дознава Центар.мк. Мажот со Брза помош бил пренесен во болница.