Утре ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Од недела следува период на нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во вторник и среда процесите ќе бидат поинтензивни и понекаде во форма на невреме со поројни врнежи и засилен ветер.

Прогноза за 21.05.2023
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 18C до 24°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне краткотрајно нестабилно со појава на локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, кој во периодите на пороен дожд ќе засилува.

Прогноза за 22.05.2023
Минимална температура: 8°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, понекаде и во форма на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец, кој во зоната на нестабилност ќе засилува.

Прогноза за 23.05.2023
Минимална температура: 8°C до 14°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Претпладне сончево со променлива облачност која ќе се прошири од југ, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, понекаде и во форма на невреме со поројни врнежи и ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој во периодите на пороен дожд ќе засилува.