Утре ќе се задржи сончево и значително топло време. Во недела под влијание на постудена и влажна воздушна маса времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и обилни проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер.

Дневните температури ќе опаднат за 6 до 9 степени. Во почетокот на следната седмица утринските температури ќе бидат под нулата.

Прогноза за 10.04.2022
Минимална температура: 5°C до 9°C Максимална температура: 9°C до 15°C

Прогноза за 11.04.2022
Минимална температура: 0°C до 5°C Максимална температура: 10°C до 18°C

Прогноза за 12.04.2022
Минимална температура: -4°C до 2°C Максимална температура: 12°C до 20°C