Времето денес ќе биде претежно сончево со слаб ветер претежно од западен правец.

До петок ќе се задржи стабилно време, освен утре околу пладне кога претежно во северните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд. Утре и во четврток особено вдолж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на температурата.

Прогноза за 02.09.2021
Минимална температура: 8°C до 18°C
Максимална температура: 21°C до 29°C
Сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а особрно вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. УВ=7

Прогноза за 03.09.2021
Минимална температура: 7°C до 17°C
Максимална температура: 24°C до 31°C
Претежно сончево со слаб променлив ветер. УВ=7

Прогноза за 04.09.2021
Минимална температура: 9°C до 17°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Умерено облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=6