Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, во вечерашното гостување во емисијата “АРГУМЕНТ” на МТВ 2, зборуваше за неопходните уставни измени за воведување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот се со цел земјата да се движи без пречки на патот кон ЕУ. Груби порача дека опозицијата во овој процес воопшто не е конструктивна.

„Што се однесува до уставните измени, повторно имаме деструктивна политика на македонската опозиција, инсталирајќи ја таа политика на страв, страв од бугарска асимилација. Кој кого може да асимилира во 2023 година, кој кого може да асимилира во ова глобализирано време? Луѓето се преоптоварени со информации за да имаат можност некој да ги излаже или асимилира, тоа се политики од пред 500 години. Никој не успеа да не асимилира 2500 години, а нема да успее да не асимилира ни денес. Ова е политика само на инсталирање страв за одржување на статус кво и за привлекување на конзервативните гласови на вистинските партии за да не дозволат „асимилација“ во наводници, туку да ја злоупотребуваат за дневна политика со цел да ја задржат власта без сами да решаваат прашања, ниту со Бугарија, ниту со Грција“, истакна Груби. Се сеќавате, дека македонската опозиција беше против Охридскиот рамковен договор и велеа дека нема да дозволат негово спроведување, овие прашања како Законот за јазици или други закони излегуваат надвор од Охридскиот договор, велеа кога ќе дојдеме на власт ќе го смениме Законот за јазиците. Овој закон предизвика протести и илјадници граѓани интервенираа во Собранието. Причина за протестот беше Законот за јазици, се сеќавате. Тогаш рекоа за Договорот од Преспа, кога ќе дојдеме на власт ќе го смениме, ќе го укинеме, истото го прават и сега со Договорот со Бугарија. Ништо не направија, единствено што направија беше “Скопје 2014” или слични проекти кои продолжуваме да ги плаќаме и до ден денес. Разликата е многу јасна…“, истакна Груби.