И утре ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Во четврток ќе има зголемена облачност со повремен локален дожд, а на планините снег.

Поради спуштање на студена воздушна маса во петок и за време на викендот ќе преовладува променливо облачно и ветровито време со повремен локален слаб снег.

Температурите повторно ќе бидат под просекот за овој период од годината.

Прогноза за 17.03.2022
Минимална температура: 0°C до 6°C Максимална температура: 8°C до 15°C

Прогноза за 18.03.2022
Минимална температура: -3°C до 3°C Максимална температура: 4°C до 9°C

Прогноза за 19.03.2022
Минимална температура: -7°C до 1°C Максимална температура: 2°C до 8°C