Уште само неколку часа: Аплицирајте до полноќ за бесплатен клима уред - Град Скопје дели субвенции за инвертер клими
Vestiplus.mk
БИЗНИС

Уште само неколку часа: Аплицирајте до полноќ за бесплатен клима уред – Град Скопје дели субвенции за инвертер клими

Градот Скопје ги информира граѓаните дека јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата се прекинува вечер, на полноќ (22.9.2020 година, во 24 часот).

Во текот на наредните денови Градот Скопје ќе ги обработува пристигнатите барања за субвенции и ако се утврди дека не се исцрпени сите средства предвидени за оваа намена, постои можност повикот да се продолжи, за што јавноста ќе биде навреме информирана.

Од отворањето на јавниот повик за субвенции за инвертери досега се поднесени 4.060 пријави.

Јавниот повик за доделување субвенции за инвертер клима-уреди за затоплување на домаќинствата ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од 1.1.2020 година, до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На овој повик граѓаните може да аплицираат онлајн.

Според условите во повикот, на граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер клима уред, но не повеќе од 62.000 денари во нето износ.

Сите информации за повикот, како и формуларите за електронското пријавување може да се најдат на следниов линк: https://www.surveymonkey.com/r/gradskopje-inverter2020

Можеби ќе ве интересира...

Што значат имињата на најпознатите модели на автомобили во светот

Vesti +

Убава вест од Владата: Викенд без ддв за прехранбени производи за време на празници

Vesti +

„Тиквеш“ ја донесе првата современа мобилна полнилница за вино во земјава

Vesti +

МЗШВ: Доделени нови 100 договори за закуп на земјоделско земјиште за обработка на житни култури

В+

“ДИШЕТЕ СЛОБОДНО!” – Оваа компанија им даде една недела одмор на работниците поради стрес

Vesti +

Санкциите ја срушија рубљата, Москва тврди дека ќе се спротивстави

В+