На 06.05.2023 околу 10.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосницата од ул.„Едвард Кардељ“ и ул.„Енгелсова“ во Неготино, патничко возило „фолксваген шаран“ со неготински регистарски ознаки, управувано од З.С.(47) од Неготино, удрило во велосипед управуван од малолетник од Неготино.

Во несреќата, малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Неготино.

Увид на местото извршила екипа од Полицисклата станица Неготино.