МВР соопшти дека вчера околу 18.00 часот во СВР Велес, од Општа болница Велес било пријавено дека кај нив било донесено починато женско дете од Велес.

Според полицијата увид на местото извршила екипа на СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција, се вели во информацијата на МВР.

Неофицијално дознаваме дека се работи за двегодишно бебе.