Министерството за одбрана на Украина во четвртокот објави дека нивните сили „достоинствено“ се спротивставуваат на руската офанзива и им нанесуваат загуби на московските трупи.

„Националните одбранбени сили, користејќи го правото на самоодбрана според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, достоинствено се спротивставуваат на обидите на непријателот да ја пробие државната граница“, се вели во соопштението на Министерството.

„Руските трупи трпат загуби“, велат тие.