Остана контроверзно името, но ние успеавме Македнија да остане. Тоа е најважно, без разлика што некои не сакаат да чујат за Северна. Сепак тоа ни помогна да излеземе од жива кал, смета режисерот Слободан Унковски во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Режисерот потенцира дека заслугата на премиерот Зоран Заев е немерлива.

-Европа што побара од него, тој испорача со големи жртви и крв. Направи се што можеше да се направи и мислам и повеќе од тоа. Сметам дека неговата оставка е поради тоа што тој чувствува дека беше напуштен од народот и на тоа се должат изборите. Ова е максимумот на на македонските политичари. Таа негова храброст е фасцинантна. Можеме да го нарекуваме ваков или таков, но тој чекорите што ги направи не може никој друг да го направи. Сега може да си оди, за да видиме дали другиве интелектуалци што ќе направат или само ќе седат некаде и ќе коментираат. Да видиме дали ќе излезат и ќе соберат храброст, рече Унковски.