Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло.

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне од 17 до 24 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, а од пладневните часови со умерена облачност и повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени.