Од рано утрово зимската служба и службите за одржување на хигиената на Општина Центар на терен го расчистуваа снегот на улиците, тротоарите и јавните површини во општината. Снегот кој наврна денеска беше најавуван по што Општина Центар спремна со 5 специјални возила ги посоли улиците со 44 тони сол со што експресно реагираше и превенираше замрзнување на коловозите со што обезбеди безбедни коловози и сообраќајници. Особено внимание се посвети на критичните места, во подножјето на планината Водно.

Граѓаните се задоволни од оваа навремено спроведена акција за расчистување на снежните наноси и веќе ја поздравуваат ажурноста на градоначалникот и општинските служби.

Општина Центар најави дека расчистувањето на снегот ќе продолжи и во текот на денот, а за граѓаните кои имаат проблем или се на понепристапен терен отвори телефонска линија каде ќе може да пријават снежни наноси на телефонскиот број 076 381 673.

Навремената реакција значи безбедност на граѓаните, пешаците и другите учесници во сообраќајот затоа секоја општина мора подготвено да реагира на временските прилики. Само така допринесуваме за безбеден и редовен тек на циркулацијата на општините и градот.