– Руски војнику. Те донесоа во нашата земја да убиваш, но и да умреш. Престанете да ги следите наредбите на криминалецот“.

Ова на социјалните мрежи го напиша украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, кој пораката им ја испрати директно на руските војници кои се борат во Украина.

Како што рече, доколку доброволно го положат оружјето ќе добијат целосна амнестија и парична награда.

Резников пишува:

„Оние од вас кои не сакаат да станат убиец и да умрат, може да се спасат.

За оние кои продолжуваат да се однесуваат како окупатори, додаде тој, „нема да има милост“.