„Загина командантот на окупаторскиот полк, полковник Захаров. За време на битката во округот Бровари, убиена е тактичката група (BTGr) на 6-от тенковски полк (Чебаркул) на 90-та тенковска дивизија. Тие имаат значителни загуби на персонал и опрема“, соопшти украинското Министерство за одбрана.

Си-Ен-Ен провери видео споделено од Министерството за одбрана на кое се гледа колона руски тенкови кои се под силен оган и нејзиното повлекување.

Украинските вооружени сили споделија снимки од судирите, на кои се гледаат голем број уништени возила. Руските сили се приближуваат кон Киев од североисток и исток во обид да ја завршат опсадата на главниот град, но украинското противтенковско оружје досега успешно ги одвраќа.