Едно лице загина, а три се повредени во југозападна Русија при гранатирање од Украина, изјави гувернерот на Белгород.

– Досега едно лице го загуби животот, почина во возило на брза помош, а тројца се повредени – изјави гувернерот на југозападниот регион Белгород, Вјачеслав Гладков во апликацијата Телеграм.

Тој рече дека тоа е „најтешката ситуација“ во неговиот регион откако рускиот претседател Владимир Путин испрати војници во Украина на 24-ти февруари, пренесе Дневен аваз.

Гладков ја обвини Украина дека го гаѓала селото Солохи, додавајќи дека една куќа е делумно уништена.

Соопштението дојде на 77-от ден од руската воена кампања во Украина, во која беа убиени илјадници луѓе.

Властите во руските региони кои граничат со Украина постојано ги обвинуваат украинските сили за напади.

Гладков во април изјави дека украински хеликоптери нападнале складиште за гориво во Белгород, јавуваат медиумите.