– На Листата на должници бр.05/2023 објавени се 1.791 должници – правни лица (повеќе за 68 од претходната листа) и 3.404 физички лица (повеќе за 78 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.05/2023 изнесува 8.548.751.260 денари, повеќе за 488.909.829 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.340.100.314 денари, повеќе за 489.302.639 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 208.650.946 денари (помалку за 392.810 денари од претходната листа), велат од УЈП.

Листата е достапна на следниот линк.