На 02.11.2022 во периодот од 11.30 до 15.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи како Секторот за економски криминал и корупција при МВР спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола.

При контролата, од страна на УЈП беа констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат беа пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од четири правни субјекти. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.