Денес и утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, a на планините и повисоките места особено во западните делови врнежите ќе бидат од повремен снег од што малку ќе се зголеми снежната покривка. Во пониските места врнежите ќе бидат од дожд и понекаде краткотрајно од снег.

Од денес ќе започне почесто да дува умерен до повремено засилен јужен ветер кој што ќе допринесе утринските и дневните температури да бидат во најпрвин во постепен пораст, а дневните позначително ќе се покачат кон крајот на работната недела.