Времето во земјава ќе биде променливо облачно и посвежо, претежно во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, променливо облачно, посвежо и понекаде во регионот со повремено пороен дожд и појава на грмежи. Ветерот ќе биде северен и краткотрајно ќе засилува. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе достигне до 33 степени.