Утре и понатаму ќе има врнежи од дожд, кои околу пладне поинтензивни ќе бидат на запад, а во вечерните часови ќе се интензивираат на исток (локално ќе наврнат над 20 л/м2 дожд за 24 часа). Во јужните делови, каде се очекуваат и сончеви периоди, ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Пообилни врнежи од дожд повторно ќе има во четврток, кога поради заладување, на планините на северозапад ќе има врнежи од снег.

Од вторник повремено ќе дува засилен северен ветер.