За време на викендов и во почетокот на следната седмица во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 20 л/м2), електрични празнења, силен ветер (над 60 км/ч) и изолирана појава на град.