Од УХМР известуваат дека под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса, од среда ќе има значителен пораст на температурата. Особено топло ќе биде во четврток и петок, кога дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. и на целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.

И во Скопското подрачје во четврток и петок ќе биде многу топло и ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури.