УХМР известува дека денес попладне ќе има развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град, се вели во метео предупредувањето.

УХМР додава дека и во следните денови ќе се задржи променливо облачно и топло време, во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме кога поројниот дожд ќе биде проследен со силен ветер и појава на град, велат синоптичарите.