Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Учениците од гимназијата Кочо Рацин во целосно реконструирано училиште од септември

Градоначалникот Петре Шилегов, заедно со министерката за образование, Мила Царовска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, и директорката на СУГС „Кочо Рацин“, Благица Павловска, одржаа прес- конференција во дворот на училиштето во кое се почнати градежните работи за негова реконструкција.

– Денеска сме на увид на веќе започната реконструкција на училиштето, станува збор за објект што е стар 57 години, досега на него не се вршени посериозни зафати освен оние што пред две и пол години ги правеше Градот Скопје, а се однесуваа на замена на дел од конструкцијата на покривот и замена на подовите и дел на санитарните јазли во училиштето. За оваа реконструкција ќе бидат потрошени околу 54 милиони денари коишто Градот ги издвојува од планираните средства наменети за капитални инвестиции во образованието. За неколку месеци овде ќе имаме целосно нов објект, бидејќи се врши целосна замена на надворешните ѕидови, ќе се направи и сосема нов покрив, ќе се заменат електричната и водоводната инсталација, а ќе се додаде и инсталација којашто на учениците ќе им помогне да влезат сериозно во процесот на дигитално образование, проект што го има утврдено Градот Скопје – рече Шилегов.

Тој додаде дека ова е последното 14-то училиште, од вкупно 23, коешто добива нова енергетски ефикасна фасада, и дека со реконструкциите во изминатите три и пол години се добиени просторни услови кои ќе овозможат подостоинствено функционирање и на ученици и на вработените во училиштата. Исто така, Шилегов додаде дека се надева наставата во училиштата од септември дека ќе се одвива со физичко присуство.

Министерката за образование, Мила Царовска, нагласи дека е значајно што и општините во својот фокус го имаат образованието и создавањето на квалитетни простори за учење, како и подготовката на наставниците за современа настава.

Повеќе од интернетот…

  • Centar.mk
  • Vestiplus.mk
  • Biznispro.com
Османи во Букурешт

По официјалната посета на Кралство Саудиска Арабија, од утре, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе престојува во Букурешт, Романија, каде ќе учествува на Минхенската лидерска средба, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција. На Минхенската лидерска средба, на која е предвидено да учествуваат над 70 високи гости од Европа... Прочитај повеќе...

Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување

Утре Регулаторната Комисија стандардно како и секој понеделник треба да донесе одлука за утврдување на нови цени на горивата, кои ќе важат од вторник. На светските берзи цените на нафтата повторно паднаа, па сега барел нафта БРЕНТ на лондонската берза се тргува за 83,6 долари, додека WTI круд на американските берзи се тргува за 76 […] The post Нова цена на горивата – Се очекува поевтинување appeared first on BiznisPRO. Прочитај повеќе...

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената во текот на менструалниот циклус, како физички така и емоционално. Покрај тоа што главните симптоми на менструацијата се болни грчеви во стомакот, најверојатно жената ќе... Прочитај повеќе Чланак Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се се појављује прво на Zena.mk. Прочитај повеќе...

Можеби ќе ве интересира...

Северна Кореја истрела повеќе балистички ракети, предупредувања издадени во Јапонија

Vesti +

Герасимовски: Во мене ќе имате партнер за заедничко решавање на проблемите

В+

Можеби и вие сте прележале коронавирус: Симптоми кои се показател на тоа – еден особено „издава“

В+

Три хороскопски знаци кои оставаат впечаток на силни, а всушност се многу нежни

Vesti +

Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски одаде почит на борците од НОБ на Спомен-костурницата во Куманово

Vesti +

„Силно и одлучно кон иднината“ денеска во Кавадарци

Vesti +