27-годишен скопјанец починал откако претходно бил прободен со нож, потврдуваат од МВР.

Од министерството за внатрешни работи информираат дека немилиот настан бил пријавен во 22:40 часот, кога 27 годишниот скопјанец П.Ш. прво вербално се пресметувал со 30-годишниот Н.В. од Мирковци, кој потоа му нанел повреда која била фатална за него.

– Повредениот П.Ш бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите. Во 23.20 часот во с. Ново Село, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.В.(30) од с.Мирковци кој бил осомничен за сторенот дело – велат за Плусинфо од МВР.

Уувид на местото на извршила екипа од СВР Скопје, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.