Во Буџетот за 2023 обезбедени се средства за раст на минималната плата и не пзниите согласно новата методологија. Ова деновиве го објави министерот за финансии Фатмир Бесими, а денеска го повтори и пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

Март следната година е новиот термин кога согласно новиот воспоставен модел минимланата плата треба да порасне за нови 10 проценти или за 1 800 денари, со што таа ќе изнесува неполни 20.000 денари.

Во истиот месец, ќе следува и ново покачување на пензиите согласно новата методологија со која пензиите растат на секои шест месеци.

Министерката за труд и социјална политика и членка на раководството на СДСМ, вчера на партиски настан во Радовиш најави дека во март пензиите согласно новата методологија ќе пораснат за 7 проценти.

Пензионерите оваа година два пати добија покачување на пензиите прво од 2.9 а потоа и од 6.8 отсто, додека во март годинава минималната плата порасна од 15.200 нa 18.000 денари.