Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска обелодени дека се размислува да се воведе викенд без ДДВ кој ќе важи само за прехранбените производи и кој би се спровел во текот на една или две недели за време на празници.

– Сакаме да им дадеме можност пред се за граѓаните со понизок социјален стандард за време на празниците да си дозволат да слават, а да не плаќаат данок. Мислам дека како општество можеме да си го дозволиме тоа, рече Бесими на денешната прес-конференција во Владата на која заедно со премиерот Димитар Ковачевски го презентираа новиот даночен концепт.