На 22.03.2022 на регионалниот пат Штип – с.Драгоево, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Е.С.(20), Е.С.(33), Е.Д.(32) и Е.С.(30), сите од Штип, бидејќи околу 13.50 часот со употреба на сила демонтирале и одзеле метална ограда од мост помеѓу Казнено-поправната установа Штип и с.Драгоево.

Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени. По комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.