На 05.12.2021 околу 06.40 часот, на место викано „Балван“, во атар на тетовско Мерово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј.(34) од скопско Паничари.

Тој бил затекнат како без потребните документи сечел и со возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, превезувал огревни дрва. Возилото, дрвата и моторнa пила биле одземени и предадени на Шумската полиција.

Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.