Утринскиот туш со ледена вода е најдоброто можно нешто што можете да го правите секој ден за вашето здравје.

Холандско истражување покажало дека луѓето кои се тушираат со ладна вода помалку отсуствуваат од работа поради болест во споредба со луѓето кои се тушираат со топла вода.

Студијата опфатила повеќе од 3.000 луѓе, а причината зошто студената вода го намалува ризикот од болести се уште не е целосно позната.

Некои истражувачи сугерираат дека студената вода може да го зајакне нашиот имунолошки систем.

Една студија од Чешка покажа дека младите мажи кои спортуваат и се потопуваат во ладна вода три пати неделно во период од шест недели, го зајакнале нивниот имунолошки систем.

Студената вода исто така го активира симпатичкиот нервен систем, делот од системот кој го контролира и влијае на нашиот одговор „бори се или бегај“.

Тоа е автоматска физиолошка реакција на настан кој се доживува како опасен, стресен или застрашувачки.

Кога симпатичкиот дел од нервниот систем се активира со ладна вода, тоа го зголемува нивото на хормонот норепинефрин.

Овој хормон предизвикува зголемување на отчукувањата на срцето и крвниот притисок кај луѓето кои нуркаат во ладна вода, а се поврзува и со подобрување на здравјето.

Студената вода, исто така, ја подобрува циркулацијата, а некои студии сугерираат дека ладната вода, исто така, може да помогне при губење на тежината.

Понатаму, ладната вода може да има голем број психолошки придобивки. Така, кога ладната вода ќе дојде во контакт со лицето или вратот, може да ја подобри функцијата на мозокот.