На 21.09.2020 во 14.40 часот во Полициската станица Кичево, лекар од Итна медицинска помош Кичево пријавил дека во с.Душугубица, на пат во изградба Кичево-Охрид, додека извршувале работни задачи, се повредиле тројца турски државјани Е.К.(51), М.Х.(57) и К.Ѓ.. Тие биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.