Некои хороскопски знаци имаат подобра среќа со пари од другите.

Во продолжение проверете дали сте меѓу оние на кои парите едноставно им „лепат“.

Скорпија
Ним не им е непознато да се занимаваат со приватен бизнис и за нив важи правилото дека целта ги оправдува средствата. Тие се вредни, сакаат пари и не им е тешко да ги заработат. Скорпиите имаат добро развиена интуиција, па кога е работата во прашање, тие си веруваат само себеси.

Јарец
Јарците знаат да бидат сурови и ладни, што се добри квалитети во деловната сфера. Тие се систематски и пред да се впуштат во претприемничките води, ќе направат детален план. Целта им се парите и знаат безмилосно да тргнат по нив.

Девица
Таа е прецизна и детална и лесно ги пренесува своите способности кога се во прашање финансиите. Таа игра на сигурно, не влегува во ризичен бизнис. Особено го ценат трудот и енергијата што ја потрошиле за да стигнат до целта, па имаат ист однос кон парите, без разлика дали се денари или милиони.