Претседателката на форумот на жени, Јованка Тренчевска вечерва ја предводеше трибината „Силно и одлучно кон иднината“ во Македонски Брод

Заедно со претседателот на Општинската организација Ивица Стојковски дадоа отчет пред граѓаните и ги слушнаа нивните мислења и уште еднаш докажаа дека водењето на државата од страна на СДСМ е транспарентно и инклузивно.

„Денешните социјалдемократи накои припаѓам и јас на кои припаѓате и вие, промовираат пред се општество во кое членовите можат да водат слободен и праведен живот. Затоа ние тука, но и во секоја прилика истакнуваме како посветено се бориме за слобода на говорот, економска стабилност на државата, просперитет, но и гарантирани социјални права и заштита на ранливата категорија на граѓани“ рече Тренчевска.

Таа ги истакна и залагањата и мерките кои се донесени изминатиот период. Тренчевска посочи и на Законот за финансиска поддршка кој се донесе изминатата недела со кој се подобрува животниот стандард на сите граѓани.

На крајот од трибината беа слушнати предизвиците со кои се соочуваат граѓаните на Македонски брод и беа одговорени од страна на Претседателката на форумот и Претседателот на општинската.