Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тренчевска: Обезбедувањето можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата

Министерката за труд и социјална политика денеска заедно со Австрискиот Аташе за Република Северна Македонија, Харалд Фугер и Директорот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Беким Мурати присуствуваа на последната работилница од билатералниот проект за поддршка за сервиси за вработување за младите во Република Северна Македонија.

Министерката во воведот на своето обраќање истакна дека обезбедувањето на можности за вработување и создавање перспектива за сите граѓани е обврска на Владата и дека одговорноста е уште поголема кога се во прашање младите.

„Кога станува збор за младите луѓе и нивниот статус на пазарот на трудот, во последните години забележано е видно подобрување на состојбите со вработувањето на младите. Во 2021 година околу 94 илјади млади луѓе во Република Северна Македонија не беа вработени, не беа вклучени во образование или обука, што одговара на четвртина од вкупното младо население. Овој удел, иако сѐ уште голем, е во тренд на опаѓање во однос на 2016 година, кога 136 илјади млади луѓе биле во NEET категоријата“ рече Тренчевска.

Таа посочи дека како Министерство и Влада имаат системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите, преку имплементација на политики за вработување и носење на посебни закони како што е Законот за практикантство, Законот за младински додаток и Законот за младинско учество и младински политики.

Во своето излагање таа се осврна и на новата Национална стратегија за вработување.

„Новата Национална стратегија за вработување предвидува продолжување на Гаранцијата за млади. Имено, оваа година подготвуваме нов план за Гаранција на млади за следните четири години, кој ќе биде усвоен од Владата до крајот на годината. Во новиот план, особено посветуваме внимание на зајакнување на т.н. теренските активности, кои се клучни во идентификување и мобилизирање на неактивните млади лица“ изјави Тренчевска.

На крајот од своето обраќање Министерката упати благодарност до Министерството за социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи на Република Австрија како и за поддршката што ја обезбедуваат на Република Северна Македонија за патот кој Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира...

РКЕ утврди нов ценовник за нафтените деривати

Vesti +

Научниците објавувија резултати од голема студија: Погледнете што му прави КОВИД на мозокот

Vesti +

Спасовски: Ми претставува неизмерна чест и задоволство што присуствував на канонизација за Светител на Кирил Лешочки

Vesti +

264 санкции за брзо возење

Vesti +

МОН нема долгови кон ЈСП, обврските кон сите субјекти се сервисираат редовно

Vesti +

Северна Македонија со спасувачка мисија за уште 44 граѓани од Авганистан, активисти на организација основана од принцот Чарлс

В+