Претседателката на Форумот на жени, Јованка Тренчевска продолжи со посетата на градовите во Република Северна Македонија и денеска се обрати на граѓаните во Пехчево на трибината „Силно и одлучно кон иднината“. На трибината се обрати и Претседателот на општинската, Далибор Атанасов и воедно ја отвори трибината.

„Претходната локална власт предводена од СДСМ и градоначалникот Драган Тренчовски обезбеди средства во висина од 6.000.000 евра за реконструкција на локални патишта преку грант од Светска банка и Министерството за транспорт и врски, за денес да сме сведоци дека ниту една улица не е почната со реконструкција“ рече Тренчовски.

Претседателката на Форумот на жени на почетокот од своето обраќање порача дека Социјал-демократскиот сојуз на Македонија е со граѓаните и дека како министри заедно со премиерот не се во кабинетите туку се заедно со народот и разговараат за предизвиците и проблемите.

„17 години чекавме пред вратата на ЕУ. Денес сме внатре, започна скринингот, ќе започнат и преговорите. Македонскиот јазик за прв пат влезе во ЕУ без фусноти и запирки. Го потпишавме договорот со ФРОНТЕКС, прв договор со ЕУ, на македонски јазик. Пропаднаа сите лаги на ВМРО и левица и сите манипулации. Јасно им е на граѓаните ниту асимилација, ниту бугаризација ќе има. Онаа што го имаме е македонски јазик и идентитет во европската унија. Ова е патриотизам, вака се сака државата. Ова се вистинските чекори за доброто на граѓаните “ рече Тренчевска.

Таа истакна дека како партија даваат отчет за направеното во изминатиот период од јануари до сега но и дека секогаш се отворени за проблемите не граѓаните, предлозите, забелешките и мислењата.

„Тежок период е, сите ги чувствуваме последиците од кризата, но заедно сме, СДСМ и владата се тука за сите граѓани. Заедно можеме да успееме и ќе успееме, во тоа бидете сигурни“ изјави Тренчевска.

На крајот од обраќањето Тренчевска ги повика сите сограѓани на сплотеност порача дека само заедно можеме да ги негуваме социјалдемократските вредности.