Антикризните мерки кои ги предложи Владата вчера, а кои произлегоа од опсежните консултации на проширениот Економски совет, според ВМРО-ДПМНЕ се комплицирани и наместо тоа продолжуваат со пауашлни изјави.

На мета на опозицијата се најде мерката за намалување на акцизата на горивата, а Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ истата ја нарече комплицирана. Од Владата објаснија дека оваа мерка е донесена со опсежна анализа и ќе гарантира намалување на цените на горивата кои ги плаќаат граѓаните.

Сепак, за Славески и ВМРО-ДПМНЕ поедносотавно ќе било без никаква потрепа да се намали акцизата за одреден процент, без да се мисли на реперкусиите од истото.

„Многу е лесно да кажете дека во овој момент треба да ги намалиме акцизите за 50 или 60 или, пак, за 100 отсто, но кои се реперкусиите за тоа. Секогаш треба да се грижите за приходната страна и да знаете кој ќе биде негативниот ефект, рече вицепремиерот Фатмир Битиќи во емисијата Топ тема на ТВ Телма.

Ова не е прв пат Славески и ВМРО-ДПМНЕ да застнат против мерките на Владата кои значат подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Тој беше активен противник и на зголемувањето на минималната плата.

Наместо да се ангажираат за полесно пребродување на кризата која го зафати цел свет, опозицијата мислејќи само на гола власт, повторно побара организирање на предвремени парламентарни избори, со што дополнително ќе се блокира системот во земјава и граѓаните ќе останат поизложени на ценовните шокови од кризата.

Мерките кои Владата ги усвои на вчерашната седница, треба да се најдат во Собранието, па останува да се види дали опозициските партии ги имаат интересите на граѓаните во прв план и ќе ги поддржат или ќе продолжат со блокадите, како и досега.