На прашање на Васко Ефтов во емисијата “Во Центар”, за тоа какво возило вози Трајко Славески кој е моментален претседател на Советот во град Скопје, одговори дека дошол со пежо, но потоа призна дека во неговиот имотен лист навел и ауди а6 модел од 2019-та година.

– Возам ауди а6, моделот од 2019, купен во април 2019 година, рече Славески, на што Ефтов му порача дали тоа го купил со професорска плата, на што Славески рече дека бил професор на економски факултет веќе 30 години, а неговата сопруга била регионален директор во Стопанска Банка АД Скопје.

– Јас не сум хипокрит. Јас не сум тој што кажува дека немам сопствен стан, немам свој автомобил, возам тико или слично, а си на крајот на работнот век. Ќе кажам на македонските граѓани, јас мислам дека ние како семејство сме го оствариле македонскиот сон. Ако има американски сон, ние сме го оствариле македонскиот сон, рече Славески во емисијата “Во Центар” на Васко Ефтов.

Целата емисија погледнете ја со клик тука.

Според имотниот лист на Славески, возилото ауди е со вредност од 3.000.000 денари, односно моменталната вредност би била околу 48.000 евра, додека пак според кратко истражување ново од салон е над 70.000 евра, и тоа основната верзија.

*фотографијата е илустративна

извор Centar.mk