Kвалитетната инфраструктура е пресудна за квалитетот на животот на нашите граѓани, тие мораат да добијат најдобри услови за живот, тука, дома, во Македонија, порача претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Митко Трајчулески на денешната трибина на тема инфраструктура „Резултати што прават разлика“ што се одржа во Битола.

„Нашата држава е географски сама по себе, крстосница на коридори. Но, дали ќе биде успешна крстосница, дали ќе биде центар на мобилност за своите и странските граѓани, зависи од нас самите, зависи од тоа колку вложуваме во нашата инфраструктура.

И морам да потенцирам дека тој процес не е и не смее да биде еднократен и краткорочен. Напротив, мора да биде континуиран, фокусиран со концепт и план, со стратегија и со визија, целосно насочен кон создавање на нова додадена вредност за сите.

Тоа е концептот на СДСМ, така создаваме постојано на сите фронтови. За нас тоа е јасно и затоа целиот фокус го насочуваме кон квалитетно поврзување на нашите градови и населени места, села и природни убавини, за да истите живеат, за нашиот народ и идните поколенија да останат дома, да имаат поддобар живот во своето место, до своето семејство“ порача Трајчулески.

Трајчулевски истакна дека целта на трибината е јавно и отворено, директно и целосно да се презентира се што СДСМ успеал да направим, да покаже конкретно кои се резултатите, да се потенцира што се работи на терен и да се најави што ќе се работи.

„Тоа е нашиот принцип – јавно, со целосна одговорност да се обврземе на нови реултати. За нас, зборовите се важни, но најважни се делата и резултатите за да има разлика, бидејќи нашите резултати прават разлика. И во минатото, особено денес, а најмногу утре, инфраструктурата и поврзаноста се клучните фактори за економскиот развој на секоја држава, за нејзината интегрираност и поврзаност“ порача Трајчулески.