Полицијата извести дека утрово околу 00.40 часот во полиција било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од патот.

Според МВР во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од брзата помош.

Полицијата додава дека во тешката несреќа со тешки повреди се здобиле Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес, велат од МВР и додаваат дека увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.