Едно лице загина во сообраќајната несреќа што се случи вчера на улицата „Скупи“ меѓу патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.О. (27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје.

Возачот на возилото најпрво избегал, но подоцна самиот се пријавил во полициската станица Бит Пазар. По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу им подлегнал на повредите.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.