Едно лице загина со сообраќајна несреќа на улицата Ѓорче Петров, кога со возилото излетало од патот.

Од МВР информираат дека со тешки повреди се здобила сопатничката.

„На 05.03.2022 околу 15.30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко моторно возило „Пежо-206“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.Г.(55) од Скопје, излетало од коловозот. Од доктор од екипа од итна медицинска помош констатирана е смрт кај С.Д.Г., а со телесни повреди се здобила сопатничката М.Г.(28) од Скопје, на која и е укажаната лекарска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото е дадено на обдукција“, велат од полицијата.