Вчера во Преспанското Езеро од страна на рибари било пронајдено тело на жена, објави Centar.mk

Според неофицијални информации телото било извлечено околу 21 часот на копно.

Centar.mk дознава дека засега нема информации за идентитетот на пронајденото лице и причината за настапување на смртта.

Телото е предадено на обдукција, а повеќе детали се очекуваа за во текот на денешниот ден.

 

фото vestiplus